Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Димитриевски за домашниот притвор на Груби: Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
maksim

Максим Димитриевски оцени дека мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби е „невиден преседан“ и доказ за нефункционалност на судскиот систем. Според него, недозволиво е лице кое било во бегство над 14 месеци да се врати и по распит да заврши дома. Тој побара Советот на јавни обвинители и Судскиот совет да ги разгледаат постапките и да санкционираат евентуална одговорност. Димитриевски истакна дека како легалист секогаш присуствувал на рочишта, повикувајќи на европски стандарди во правдата, и изрази поддршка за министерот Игор Филков.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Невиден преседан е определувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби, вели претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

— реклама —

Тој кажа дека ако сакаме во Европа, ќе мора да споделуваме европски вредности, нагласувајќи дека сериозна држава не смее да си дозволи вакви преседани.

„Оваа одлука само ги потврдува нашите ставови и како политички субјект и моите лични ставови во делот на нефункционалноста на судскиот систем. Недозволиво е лице кое подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и да му се изрекува мерка притвор и истото од распит завршува дома. Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани. Но, оставам на институциите на системот да се позанимаваат со ова што тоа значи. Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци истите да ги санкционира, во спротивно не се менува ништо“, изјави Димитриевски.

Тој потсети дека е легалист и дека самиот присуствувал на секое рочиште кое се водеше против него во Кумановскиот основен суд. За Димитриевски е недозволиво Груби после 14 месеци бегство да заврши во куќен притвор.

— реклама —

„Јас сум легалист, видете кога бев обвинет, редовно се појавував на сите судски рочишта. Го повикав господинот Груби да го следи тој пример. За жал, беше отсутен од државата повеќе од 14 месеци, се врати и заврши во домашен притвор што е недозволиво за еден сериозен систем. Сакаме во Европа, сакаме да напредуваме, ќе мора да ги делиме и европските вредности во делот на поделба на правдата во државата“, изјави Димитриевски.

Тој додаде дека е задоволен од работата на министерот за правда Игор Филков, а изјавите на одредени лидери, претставници на коалициски партнери, градоначалници за работата на министерот во однос на правосудниот испит, ги оцени како обид за дневна политика и собирање евтини политички поени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pozarnikari-oglas

Нападнати пожарникари во Куманово, Димитриевски бара институциите да реагираат: Секој сторител треба да сноси одговорност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryob49n8fcqghc41gTRrq

Димитриевски: Зголемувањето на минималната плата носи повисоки цени

Македонија | пред 2 седмици

media-library3sdi7sfb43leehTRB8q

(Видео) Максим по победата зад ди-џеј миксетата, заигра на хитот кој му го посветија на изборите

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryaoif82ojhforcOKhjhH

(Видео) Отстранета песната посветена на Максим Димитриевски од „Јутјуб“

Настани | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања