Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Димитриевски: ЗНАМ не отстапува од ставот за правосудниот испит, очекуваме лидерска средба во декември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Ставот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија во врска со правосудниот испит останува непроменет, порача лидерот на партијата Максим Димитриевски, најавувајќи дека очекуваат лидерска средба во декември.

— реклама —

Тој оцени дека предложените законски измени би можеле дополнително да го искомплицираат правосудниот систем и предупреди дека државата не смее да дозволи создавање судови во кои граѓаните би се третирале различно според етничката припадност.

— реклама —

Димитриевски нагласи дека судството мора да биде независно и да постапува еднакво кон сите граѓани, додавајќи дека познавањето на македонскиот јазик и правната терминологија е неопходно за функционирањето на правосудниот систем.

— реклама —

Во однос на позицијата на ЗНАМ во владејачкото мнозинство, тој рече дека партијата е посебен политички субјект и дека своите ставови ги утврдува преку партиските органи. Додаде дека овие позиции им биле соопштени на коалициските партнери уште при реконструкцијата на Владата.

— реклама —

Изјавата ја даде пред конференцијата во Скопје, на која со учество на повеќе од 400 делегати беше најавено формирањето на Клубот на жените на ЗНАМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryv26bage85i81acNzQvb

Претседателот на Општинската организација на ЗНАМ во Кисела Вода преминува во СДСМ

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ до СДСМ: против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври – против бугарските администратори или против бугарските фашистички окупатори?

Македонија | пред 1 месец

media-library7i9k6q577urva7J4olP

Од роботска рехабилитација до нова фасада: ЗНАМ со двегодишен отчет за Клиниката на Мехмедовиќ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања