Промени тема
Контакт

Директорот на Царина- амбасадорката на САД: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG-dd913af9e994762e5c001780c2770d81-V

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот на прибирање на приходи во Буџетот, сузбивање на криминалот и заштита на граѓаните. Соединетите Американски Држави се стратешки партнер на Република Македонија, и ќе бидат силен поддржувач на политиките што ги спроведува Царинската управа. Ова беше клучната порака од посетата на амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите Вирџинија Елиот и заменик шефот на Канцеларијата за билатерална воена соработка, Даниел Силвер.

„Моето присуство овде е да Ви се заблагодарам и да Ви честитам за резултатите во изминатите осум месеци кои се воодушевувачки. Благодарност до царинските службеници кои се на границите и ги штитат граѓаните. Чекорите што ги преземате се многу значајни за нас, но уште повеќе за вашите граѓани и безбедноста на државата. Истовремено, поголемата наплата на приходи значи повеќе средства за вашите граѓани. Ние сме ваши партнери, пријатели и тука ќе бидеме за вас“, истакна амбасадорката Агелер на средбата со директорот на Царинска управа Бобан Николовски, заменик директорот Гарип Каба и тимот одржана во рамки на посетата на Царинската управа.

Директорот Николовски изрази особена благодарност до Владата на САД за континуираната поддршка во спроведување на активностите насочени кон зајакнување на капацитетите на Царинската управа.

— реклама —

„Само во втората половина од 2024 година наплатени се една милијарда евра, или близу 65 милиони евра повеќе од истиот период претходната година. Годинава во јануари се остварени приходи од 148,5 милиони евра или 5,2 милиони евра повеќе од истиот месец минатата година, додека во февруари се остварени приходи од 312,15 милиони евра, или 9 милиони евра повеќе од минатата година. Во однос на реализираните заплени, во цела 2024 година евидентирани се вкупно 410 случаи при што 305 случаи на заплени се евидентирани во втората половина од годината. До ОЈО во 2024 година поднесени се вкупно 89 кривични пријави, од кои 69 кривични пријави се поднесени во втората половина од годината. Со засилено темпо работиме и годинава, при што се остварени 74 случаи на заплени, а преку Секторот за контрола и истраги поднесени се 35 кривични пријави за 69 физички лица и 16 правни лица до Основно јавно обвинителство и до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција“, истакна директорот Николовски, особено осврнувајќи се на случаите каде е откриен и спречен сериозен криминал.

Притоа Николовски ја потенцира важноста од продлабочување на досегашната соработка се со цел остварување на заедничките приоритети за економска трансформација преку спроведување ефективни трговски политики и интензивирање на трговската размена, како и сузбивање на транснационалниот криминал и корупцијата.

— реклама —

Директорот на состанокот остварен во рамки на денешната посета информираше дека како стратешки партнер во НАТО, Царинската управа се координира и комуницира со службите на Армијата сѐ со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила што на Армијата ѝ се потребни за зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО.

— реклама —

Во рамки на посетата амбасадорката и тимот го посетија и Дежурниот Оперативен Центар при Царинската управа каде беше презентиран системот за видео надзор и системот за препознавање на регистарските таблички, како и центарот за обуки со помош на виртуелна дигитална напредна технологија.

Воедно беше презентирана и опремата донирана од САД која ја користат царинските мобилни тимови од Одделението за оперативни работи за откривање на обиди за шверц, а беа извршени и презентации каде царински кучиња од К9 единицата ги демонстрираа вештините во откривање на оружје, дрога и пари. Амбасадорката упати честитки до царинските службеници, инспекторите во царинските мобилни тимови, и до инспекторите при Секторот за контрола и истраги во нивните особени напори во спречување на секој обид за криминал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq8tfqndkobls8lTwIoy

Приведен висок функционер на Царината, кај него пронајдени обележани 17.500 евра

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0evp966s0u5131urIAf

Царината со засилени контроли на Охридското Езеро: Проверени 38 пловни објекти

Македонија | пред 1 месец

media-librarysdf7kol50cdjbsB7axH

Грчки државјанин на Табановце изјавил дека носи 60.000 евра, цариниците при контрола откриле повеќе од 124.000 евра

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv772s79mfk0dfEMHTpa

Царината воведува паметни граници и автоматизирани царински терминали

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања