Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Директорот на Фондот за здравство: Венко Филипче е против Венко Филипче, а СДСМ против СДСМ!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
klekovski2062023

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски вели дека Венко Филипче е против Венко Филипче, а СДСМ против СДСМ!

— реклама —

„Исклучително ретко, ако воопшто коментирам за затекнатите состојби по повеќегодишното владеење на СДСМ и ДУИ или пак нивни изјави сега кога се во опозиција. Но изјавите на Венко Филипче за потребата од лидерска средба бараат коментар.

— реклама —

Венко Филипче ќе изјави дека „областите каде што треба системски пристап се - образование, здравство, правосудство, животна средина, партизација и политизација“ и „треба да се изготви стратегија во која ќе се влучат сите, во форма на политички дијалог, врз основа на која државата ќе функционира во следните децении, многу повеќе од мандат на која било влада и која било партија или коалиција да ја води таа влада.“

Прво за општото. Македонија има Национална развојна стратегија 2024-2044 година (www.nrs.mk), за која има закон, која претставува сеопфатен документ за економскиот, социјалниот, еколошкиот и културниот развој на нашата држава во наредните две децении. Процесот во името на Владата го координираше Фатмир Битиќи, тогашен вицепремиер, а беа вклучени МАНУ, УНДП и многу институции, експерти и граѓански организации. На крај во Собранието стратегијата ја изгласаа и пратениците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Дали сега Венко Филипче ја негира стратегијата што ја водеше Владата на СДСМ и ДУИ, ја гласаа пратениците и од власта и од опозицијата?

— реклама —

Второ за здравството. Не сакам да говорам за неброените скандали, за уништеното здравство кое остана по повеќегодишното владеење на СДСМ и ДУИ, вклучувајќи и личното на Венко Филипче. Македонија има Стратегија за здравтвото во Македонија 2021 - 2030 година. И како врв на иронијата предлагач на стртатегијата е Венко Филипче, тогашен министер за здравство. Дали сега Венко Филипче тврди дека таа стратегија не е стратегија или дека не се консултирани експерти, граѓански организации и ВМРО-ДПМНЕ, тогашната опозиција. И стратегијата не само што ја има, туку и се спроведува за што може да сведочи презентација на резултатите од 28 јануари 2025 година, со учество на сите чинители од здравството!

— реклама —

Политичкиот дијалог е возможен само ако се заснова на факти и аргументи!“, напиша Клековски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Бесплатни ПСА-тестирања за мажите, Клековски повика на поголема грижа за здравјето

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarya7a0j1vhb3rffNJsGBx

Клековски: Нова опрема и подобри услови за пациентите – над 40 милиони денари инвестиции во „Св. Пантелејмон“

Македонија | пред 1 ден

media-libraryt1qd5k37q0gsaAmFeZX

Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција

Македонија | пред 4 дена

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски: Извршени 16 операции на повредените во Кочани со помош на израелски хирурзи

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања