Промени тема
Контакт

„Хероите живеат вечно“, Тошковски им оддаде почит на загинатите полицајци во „Диво Насеље“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarybn559m1f4ap73zDaToi

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановската населба „Диво насеље“. Во дводневната престрелка на 9 и 10 мај 2015 година, животот го изгубија осум полицајци, припадници на специјалната единица „Тигар“, а беа убиени и 14 припадници на косовската група и ранети најмалку 40 лица.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите полициски службеници во кругот на СВР Куманово.

„Со длабока почит и неизмерна благодарност се сеќаваме на осумтемина македонски херои кои пред 11 години ги положија своите животи во терористичката акција во кумановско „Диво Насеље“ – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимоски и Горан Стојменовиќ.

Имав чест да положам свежо цвеќе на споменикот на загинатите полициски службеници во кругот на СВР Куманово, а потоа да присуствувам и на меморијалниот турнир во мал фудбал „Хероите живеат вечно“, во чест на нивната жртва, храброст и љубов кон татковината.

Тие беа храбри припадници на македонската полиција кои во најтешките моменти застанаа во одбрана на државата, безбедноста и мирот на граѓаните. Нивната жртва останува врежана во колективната меморија на македонските граѓани како симбол на чест, достоинство и непоколеблива храброст.

Нашата обврска е никогаш да не ги заборавиме и достоинствено да го чуваме споменот за нив. Македонија вечно ќе им биде благодарна.

Хероите живеат вечно!

Нека им е вечна слава!“, напиша Тошковски.

На социјалните мрежи објави имаа и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешен заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како и полицискиот синдикат.

— реклама —

„На 9 мај 2015 година, Куманово се разбуди со звукот на експлозии, пукотници и вознемирени гласови, кои ги пробудија граѓаните.

Диво Насеље беше во пламен, а Македонија се соочи со еден од најтешките безбедносни предизвици во поновата историја.

Во тие тешки часови, најскапоценото — својот живот — го дадоа најхрабрите синови на Македонија. Во директен судир со вооружена терористичка група, во одбрана на државата, паднаа припадници на специјалните единици на македонската полиција.

Нивната храброст, саможртва и верност кон татковината никогаш нема да бидат заборавени.

Жарко Кузмановски

Ненад Серафимовски

Сашо Самојловски

Бобан Ивановиќ

Горан Илијевски

Исамедин Османи

Љубиша Аранѓеловиќ

Горан Стојменовиќ

Нека им е вечна слава“, напиша Оливер Спасовски.

„Утрото на 9 мај 2015 година, ние кумановци се разбудивме со звуци од бомби, пукотници и растревожени лелеци од сограѓаните…

Диво насеље гореше и забрзо се прошири веста за загинатите припадници на македонската полиција, во вооружен судир со терористичка групација.

Најскапоценото, својот живот во одбрана на Македонија, го дадоа припадниците на специјалните единици на македонската полиција.

Жарко Кузмановски

Ненад Серафимовски

Сашо Самојловски

Бобан Ивановиќ

Горан Илијевски

Исамедин Османи

Љубиша Аранѓеловиќ

Горан Стојменовиќ

Нека им е вечна слава“, напиша Митко Бојмацалиев, поранешен заменик-министер за внатрешни работи.

„На денешен ден "9-ти" мај 2015 година, во антитерористичката акција на Македонската полиција во месноста "ДИВО НАСЕЉЕ" - Куманово, осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на татковината.

Како Синдикат изразуваме ПРЕГОЛЕМА ЖАЛ за трагично загинатите наши колеги. Тие СЕ ВЕЌЕ НАШИ ХЕРОИ И НИКОГАШ НЕМА ДА БИДАТ ЗАБОРАВЕНИ.

Претседателот на СО на СПМ Прилеп, Љупчо Маркоски, во нивна чест денес положи цвеќе пред споменикот на Ненад Серафимовски во Прилеп.

Слава и почит за хероите на МАКЕДОНИЈА.

Нивниот хероизам е наш патоказ за тоа како се сака, почитува и брани татковината Македонија.

"Кој се плаши дека ќе страда, веќе страда затоа што се плаши".

Загинаа за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.

Овој датум и овие херои вечно ќе останат запишани во најновата македонска историја: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

ВЕЧНА ИМ СЛАВА

Хероите никогаш не умираат, НИКОГАШ НЕМА ДА ВЕ ЗАБОРАВИМЕ“, напишаа од полицискиот синдикат.

— реклама —
media-librarys5c4l9cedm1sev5z0Tm

11 години од „Диво насеље“: Куманово се сеќава на најтешката безбедносна криза во поновата историја

Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановската населба „Диво насеље“. Во дводневната престрелка на 9 и 10 мај 2015 година, животот го изгубија осум полицајци-припадници на специјалната единица „Тигар“, а беа убиени и 14 припадници на косовската група, и ранети најмалку 40 лица.Загинатите – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ – посмртно се одликувани со медали з

Македонија | пред 3 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3npj1q4tu5qfckE8MyU

„Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем – потребен е заеднички и координиран одговор“, вели Тошковски

Македонија | пред 4 часа

media-librarys3mslbj8n2bn6k1tHJM

Тошковски: Водата во Гостивар сè уште не е за пиење

Македонија | пред 4 седмици

media-librarypq5k2a3i7sbm9NGF8i0

Тошковски: Македонската полиција доби 496 нови полициски службеници

Македонија | пред 1 месец

media-librarytcl128b3302sdDJ6CYs

Тошковски: Целиот овој хаос е одговорност на Општина Гостивар

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања