Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„До 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 годин“, најави ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryfa3dbt298mj8dDUs5cH

Во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека преку мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ ќе бидат финансиски поддржани микро, мали и средни претпријатија за вработување на вкупно 1.385 лица. За оваа намена е предвиден буџет од 332,65 милиони денари, односно околу 5,4 милиони евра.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, компаниите ќе можат да добијат неповратни средства за вработување најмногу пет лица, а висината на грантот ќе зависи од категоријата на невработениот. Највисока поддршка, од 250.000 денари по лице, е предвидена за вработување млади до 29 години.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека за вработување лица кои се корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и жени Ромки со завршено средно или високо образование, грантот изнесува 220.000 денари по лице, додека за невработени лица постари од 29 години се предвидени 160.000 денари.

— реклама —

Во соопштението се додава дека мерката ги опфаќа и македонските повратници, при што за секое вработено лице од оваа категорија работодавачите ќе добијат дополнителни 10 проценти од одобрениот износ, во зависност од категоријата на вработеното лице.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека со овие мерки се создаваат услови за отворање нови работни места, професионален развој на граѓаните и подобрување на деловната клима, што, според партијата, ќе придонесе за понатамошен раст на македонската економија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-librarypau87gtmmr0q1TNsO32

Мицкоски: Без промовирање на семејните вредности, македонската економија ќе биде прва на удар

Македонија | пред 3 дена

media-library6jpon8suc9aa48u3kwF

На Скопје не му треба нов клинички центар, туку подобра организација на постојните болници – усогласени ставовите на Мицкоски и Клековски

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот би можел да поевтини за дополнителни 2 денари по литар

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања