Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

До 360.000 денари поддршка за жените земјоделки и 100.000 денари надоместок за мајчинство, најави Серафимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryn67khb6oqkqceBl6InI

Жените што се занимаваат со земјоделство ќе имаат можност да добијат до 360.000 денари финансиска поддршка за инвестиции во опрема, како и вкупно 100.000 денари надоместок за мајчинство за период од девет месеци. Мерките беа во фокусот на обраќањето на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во Струмица, во организација на Националната федерација на фармери.

Поддршката до 360.000 денари се обезбедува преку мерката 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.

— реклама —

Во меѓувреме, средствата за Програмата за поддршка на социјалната сигурност на жените што вршат земјоделска дејност се зголемени од еден милион на 2,5 милиони денари со ребалансот на буџетот. Преку оваа програма се обезбедува деветмесечен надоместок за мајчинство во вкупен износ од 100.000 денари.

„Современата механизација ја олеснува обработката на земјата, а дигиталните решенија и вештачката интелигенција отвораат можности за попрецизно планирање и поефикасно производство. Ќе работиме тие можности да им бидат подостапни на жените, преку стручен совет, обуки и поддршка за инвестиции“, порача Серафимовски.

— реклама —

Министерот информираше дека регистрираните земјоделски стопанства во кои жена е носител или член можат да аплицираат за финансиска поддршка преку мерката 115 најдоцна до 13 ноември 2026 година. Средствата се наменети за набавка на опрема за преработка и доработка на примарните земјоделски производи, како и за услуги за спроведување на деловниот план.

Тој упати повик и до жените што имаат статус на осигуреник – индивидуален земјоделец и ги исполнуваат условите за надоместок за мајчинство, да се информираат и да поднесат барање до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој најдоцна до 10 декември 2026 година.

— реклама —

„Сакам и надоместокот за мајчинство од Програмата за социјална сигурност да стигне до секоја жена за која е наменет“, истакна Серафимовски.

Според податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во земјава се евидентирани 129.226 земјоделски стопанства и 29.971 жена, од кои 3.918 се помлади од 40 години.

— реклама —

Осврнувајќи се на овие податоци, министерот ја истакна потребата од поголемо учество на жените во управувањето со земјоделските стопанства и развојот на сопствени дејности, како и од надминување на стереотипот дека земјоделството е исклучиво машка професија.

„Во вашите успеси се гледа силата на македонското земјоделство, а во вашите идеи се препознава насоката за неговиот следен исчекор. Како министер, преземам обврска тие идеи да добијат поддршка, а вашиот глас да има поголемо влијание врз одлуките што ги носиме“, им порача Серафимовски на присутните жени земјоделки во Струмица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn67khb6oqkqceBl6InI

Над 420 денари за килограм: Се очекува повисока просечна откупна цена на тутунот

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryo6fboo6r52q11VhH6Nu

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryddjjeav5m5651aNKcDt

(Видео) Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryip46clvsdpil5lmFb3t

Серафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа недела

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања