Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryddjjeav5m5651aNKcDt

Започна распределбата на картичките за зелена нафта за земјоделците, при што годинава се опфатени вкупно 48.037 корисници. За мерката се обезбедени 584 милиони денари, односно околу 9,5 милиони евра, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

Серафимовски денеска ги додели првите картички во Свети Николе, а потоа им ги врачи картичките и на земјоделците во Битола.

— реклама —

Тој посочи дека финансиската поддршка пристигнува во период кога земјоделците имаат трошоци за есенска подготовка на почвата, набавка на семенски материјал и ѓубрива, како и за одржување на земјоделската механизација.

— реклама —

Мерката се спроведува преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. Износот за секој корисник се определува според пријавените површини и култури во барањата за директни плаќања за 2025 година.

Поддршката се движи од 3.200 до 12.000 денари по хектар. За пченица, јачмен, пченка, ориз и други култури од оваа група се предвидени 3.200 денари по хектар, додека за сончоглед, маслодајна репка, луцерка и други култури од соодветната категорија – 4.800 денари.

— реклама —

За градинарските култури опфатени со мерката и за лозовите насади следуваат 9.600 денари по хектар. Кај овошните култури, за јаболко, круша, слива, праска и други се предвидени 12.000 денари, додека за дуња, калинка, бадем, лешник и други култури од категоријата – 8.800 денари.

За тутунот поддршката изнесува 11.000 денари, а за оревите и питомите костени 6.000 денари по хектар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn67khb6oqkqceBl6InI

Над 420 денари за килограм: Се очекува повисока просечна откупна цена на тутунот

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryo6fboo6r52q11VhH6Nu

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn67khb6oqkqceBl6InI

До 360.000 денари поддршка за жените земјоделки и 100.000 денари надоместок за мајчинство, најави Серафимовски

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryip46clvsdpil5lmFb3t

Серафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа недела

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања