Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Над 420 денари за килограм: Се очекува повисока просечна откупна цена на тутунот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryn67khb6oqkqceBl6InI

Просечната откупна цена на тутунот од годинешната реколта се очекува да надмине 420 денари за килограм, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски на Форумот за ориентален тутун во Прилеп.

— реклама —

Серафимовски посочи дека Министерството работи на подготовка на откупот, со цел да се обезбедат јасни договорни услови, транспарентна проценка и навремено исполнување на обврските на откупувачите.

— реклама —

Дополнително, тутунарите ќе добиваат субвенции од 80 денари за килограм тутун од прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа. Министерот нагласи дека поддршката ќе се усогласува со пазарните движења, а производителите навреме ќе добиваат информации за побарувачката и условите за откуп.

Тој предупреди и дека високите температури и сушата влијаат врз приносот и квалитетот на тутунот, поради што планирањето на производството ќе се приспособува на климатските промени, со поддршка на научните установи.

— реклама —

Според Серафимовски, тутунопроизводството опфаќа околу 18.000 земјоделски стопанства, а извозот на тутун и тутунски преработки носи годишен девизен прилив од 140 до 150 милиони евра.

Форумот во Прилеп го организираа Меѓународната асоцијација на тутунопроизводители (ITGA) и Сојузот „Мака на тутуноберачите“, а учествуваа производители, претставници на меѓународни организации, научната заедница и откупувачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo6fboo6r52q11VhH6Nu

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryn67khb6oqkqceBl6InI

До 360.000 денари поддршка за жените земјоделки и 100.000 денари надоместок за мајчинство, најави Серафимовски

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryddjjeav5m5651aNKcDt

(Видео) Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryip46clvsdpil5lmFb3t

Серафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа недела

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања