Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

До 700.000 демонстранти на улиците во Франција, најавени масовни протести и генерален штрајк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Свет
media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Франција денеска се соочува со најавени масовни протести и генерален штрајк, на кои, според проценките на француската Територијална разузнавачка служба (ДНРТ), би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 демонстранти надвор од парискиот регион.

Според извештајот на службата, денот е оценет како високоризичен, а постои можност протестите да донесат ново ниво на насилство, особено во градските центри, пренесува телевизијата БФМ.

— реклама —

Синдикатот ЦГТ најавил 244 протести низ Франција. Во штрајкот и демонстрациите треба да учествуваат водечките синдикати од јавниот и приватниот сектор, како и студенти и средношколци.

— реклама —

Причина за незадоволството се растечките трошоци за живот, инфлацијата, буџетските мерки и состојбите во јавните служби и образованието.

— реклама —

Поради штрајкот се очекуваат нарушувања во железничкиот и воздушниот сообраќај. Националната железничка компанија СНЦФ најави откажување на околу 10 отсто од брзите возови ТЖВ, додека во париското метро се очекуваат сериозни проблеми.

— реклама —

Прекини во работата најавиле и синдикатите во енергетските компании и рафинериите, што би можело да влијае и врз снабдувањето со гориво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr12i88310jr62VbTyTH

Нов сајбер-напад во Европа: Хакери се обиделе да уништат крвна плазма во Франција

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-library5nf6f5tq8o927cLxc60

Во Франција дете умрело од глад, лекар ја предупредил мајката, но таа не го послушала

Македонија | пред 1 ден

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

(Видео) Бран незадоволство ја зафати Европа: Нападнати полицајци во Германија, солзавец и гумени куршуми во Швајцарија, стотици уапсени во Франција

Свет | пред 2 дена

media-libraryq6cuukg08r04b9uIbnX

Контејнери пред училиштата и факултетите: Продолжуваат протестите во Франција, полицијата ги засилува контролите

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања