Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

До Нова година ќе биде пуштена клучката кај Момин Поток, најави Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library3naf1o4n4e7sepY9bGM

Изградбата на клучката кај Момин Поток е реализирана околу 75 проценти и се очекува целиот проект да биде завршен до Нова година, со што значително ќе се подобри сообраќајната поврзаност и ќе се намали метежот во овој дел од Скопје, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при увидот на градежните активности, заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Според Ѓорѓиевски, кога ја презел функцијата, проектот бил речиси целосно блокиран, а експропријацијата била реализирана само околу 10 проценти. Денес, како што рече, тој процес е целосно завршен и сите сопственици се обештетени.

— реклама —

„Проектот напредува според планираната динамика. Станува збор за сложен инфраструктурен зафат што опфаќа изградба на два километри потпорни ѕидови, нови пешачки и велосипедски патеки, како и пет мостови, од кои дел веќе се во завршна фаза“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој најави дека до крајот на годината ќе бидат завршени и проширувањето на мостот на реката Серава, како и мостот на булеварот „Љубљанска“.

— реклама —

Воедно, информираше дека продолжуваат активностите и на реконструкцијата на булеварот „Борис Трајковски“, додека во август треба да започне изградбата на новиот мост што ќе ги поврзе општините Гази Баба и Аеродром.

Ѓорѓиевски нагласи дека Владата обезбедила финансиска поддршка од 60 милиони денари за реализација на клучката кај Момин Поток, оценувајќи дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни проекти што ќе придонесе за побезбеден и поефикасен сообраќај во главниот град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања