Промени тема
Контакт

До утрово имало вкупно 14 пожари на отворено во последното деноноќие и сите се изгаснати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
pozarna

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 075 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,75%, а 61,25% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 59,22%, кон Итната медицинска помош 33,73%, кон пожарникарите 6,67%, а кон АМСМ 0,39% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

— реклама —

„Имало вкупно 14 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места. Конкретно, Регионалниот ЦУК – Скопје и РЦУК Куманово информираат за по три пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Битола за четири и РЦУК-Велес и РЦУК-Штип информираат за по два пријавени и изгаснати пожари на отворено.

— реклама —
— реклама —

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

— реклама —

Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи“, велат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr51a34b32en5bmhrbQt

Нема активни пожари во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library1s8b2678b2qg7ViUmNT

Три пожари регистрирани до 13 часот, два се изгаснати, еден под контрола

Македонија | пред 1 седмица

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Пет пожари на отворено регистрирани до 13 часот, активни се три

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања