Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Добро утро, ние денеска се бориме за Вашите плати, што ќе правите Вие?, праша Трендафилов во пресрет на протестот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryqqdkehfnmg4e9SCxmKG

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, ги повика работниците да се приклучат на денешниот работнички протест во Скопје, со порака дека синдикатите се борат за повисоки плати и подобар животен стандард.

„Добро утро, ние денеска се бориме за вашите плати, што ќе правите вие?“, порача Трендафилов во пресрет на протестот.

— реклама —

Работничкиот протест, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија, е закажан за 14 март со почеток во 12:05 часот пред Работничкиот дом во Скопје, на улицата „Мирче Ацев“ во општина Центар.

Според најавата на синдикатите, протестниот марш ќе продолжи по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Даме Груев“, булеварот „ВМРО“ и ќе заврши пред Владата на Република Северна Македонија на булеварот „Илинден“.

— реклама —

Планирано е учесниците да застанат и пред Собранието и пред Стопанската комора, каде синдикатите ќе ги упатат своите пораки до институциите и работодавачите.

— реклама —

Од ССМ велат дека протестот се организира поради долгогодишното незадоволство на работниците, бидејќи, како што наведуваат, платите не ги следат реалните трошоци за живот.

Синдикатот тврди дека нивните барања за зголемување на минималната плата и на останатите плати биле игнорирани од Владата и работодавачите, што, според нив, дополнително го зголемило револтот кај работниците.

— реклама —

„Кога Владата и газдите не слушаат, тогаш работниците и синдикатите ќе зборуваат на улица“, порачаа од ССМ.

Screenshot-2025-03-06-at-16.36.30

ВМРО-ДПМНЕ: СДС стои зад организацијата на протестот на ССМ

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС стои зад организацијата и логистиката на протестот што денеска го најави Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).Од партијата тврдат дека постојат докази оти зад мобилизацијата на луѓе и организирањето превоз во повеќе градови стојат лица блиски до СДС.„По доказите дека за организирање луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е одговорен Бранко Георгиев, поранешен раководител во ЈПКД ‘Комуналец’ Струмица во време на СДС, се појавуваат нови факти дека СДС го ко

Македонија | пред 3 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 3 дена

SSM-696x419

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Македонија | пред 3 седмици

SSM-696x419

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

За живот на четиричлено семејство во мај потребни речиси 69.000 денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања