Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Додека луѓе умираат од западнонилска треска - во Драчево организираат кино на отворено“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library6cp91qd83hkqboYNTeJ

СДСМ преку соопштение реагира дека во услови на епидемија од западнонилска треска, во Драчево, каде што е прогласена епидемија, се организира кино на отворено.

Од партијата наведуваат дека досега се потврдени 35 случаи на западнонилска треска, има три починати лица, а шест пациенти се во критична состојба и се лекуваат на интензивна нега.

— реклама —

СДСМ ја обвинува Владата за, како што наведуваат, несоодветно справување со епидемијата и задоцнета реакција во превенцијата од ширењето на инфекцијата.

— реклама —

Од опозициската партија велат дека наместо навремена превенција, систематско прскање против комарци, поставување стапици и отстранување на местата погодни за нивно размножување, институциите реагираат откако веќе има заболени и починати.

„Во Скопје долго се чека за прскање против комарци. Само од најавата за прскањето поминаа шест дена, и тоа сега, во време на епидемија“, стои во реакцијата на СДСМ.

— реклама —

Партијата го критикува и одржувањето на настани на отворено во епидемиско подрачје, оценувајќи дека тоа е показател за несериозен пристап кон здравствената криза.

— реклама —

СДСМ упатува критики и кон министерот за здравство Сашо Клековски и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за „аматеризам и непрофесионализам“ во справувањето со епидемијата.

Од партијата велат дека состојбата, според нив, покажува „колапс на институциите“ и недостаток на навремена и организирана реакција, додавајќи дека граѓаните ги чувствуваат последиците по своето здравје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygchjosgjcllv05cRcCx

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Жерновски, СДСМ возврати со обвинувања кон Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања