Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryrb1r6tmf8u1pfCKmk1S

СДСМ преку соопштение предупредува дека состојбата во сточарството дополнително се влошува, оценувајќи дека домашните производители на млеко се соочуваат со намалени откупни цени, неизвесен пласман и доцнење на субвенциите.

— реклама —

Од партијата обвинуваат дека Владата и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски не преземаат мерки за надминување на кризата, додека, како што велат, товарот повторно паѓа врз грбот на сточарите.

— реклама —

„Се намалува откупната цена на млекото во време кога цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Тоа значи дека некој остварува големи профити на сметка на македонските сточари“, наведуваат од СДСМ.

Според партијата, дополнителна загриженост предизвикува фактот што две млекарници во делчевскиот регион најавиле прекин на откупот на млеко, поради што голем број производители би можеле да останат без пласман за своето производство и без сигурен извор на приходи.

— реклама —

СДСМ обвинува и дека две недели не се објавуваат имињата на компаниите чии млечни и месни производи, според претходно објавени информации, отстапувале од декларираните состојки.

— реклама —

Од опозициската партија бараат итна реакција од надлежните институции за обезбедување непречен откуп на млекото и воведување посебна мерка преку интервентната програма за поддршка на производителите на кравјо млеко, со цел да се ублажат последиците од кризата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања