Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Додик индиректно најави дека нема доброволно да го напушти претседателското место по одземањето на мандатот: „А што ако одбијам?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Dodik

Милорад Додик, претседателот на Република Српска, повторно предизвика бурни реакции откако Секторот за избори на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе одлука со која му се одзема мандатот, како последица на правосилната пресуда за едногодишна затворска казна и шестгодишна забрана за извршување јавни функции.

Додик на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави две пораки, од кои едната гласеше: „А што ако одбијам?“, додека другата, уште поостра, гласеше: „Уште едно го**о од Сараево. Последно“.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Со овие изјави Додик индиректно најави дека нема намера доброволно да го напушти претседателското место, и покрај правосилната пресуда на Судот на БиХ, според која нема право да ја извршува функцијата.

Неговата одбрана, предводена од адвокатот Горан Бубиќ, најави поднесување жалба до Апелацискиот оддел на Судот на БиХ, како и барање за привремена мерка за одлагање на извршувањето на пресудата. Понатаму, се планира жалба и до Уставниот суд на БиХ.

Во меѓувреме, Владата на Република Српска, која вчера одржа вонредна седница, донесе осум заклучоци, меѓу кои и отфрлање на пресудата и повик до сите политички партии да застанат зад Додик. Се најавува и нова седница на Народното собрание на РС.

Иако правниот пат за одбрана е сè уште отворен, политичкиот отпор што го демонстрира Додик најавува нестабилност во претстојниот период. Привремен претседател би требало да биде потпретседателот Дамир Прњиќ, познат и како „Хрватот на Додик“, кој доаѓа од редовите на ХДЗ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvie7qplm03bgd6yEuwa

Орбан на гости кај Додик: „Вистинските пријатели се пријатели за цел живот“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
dodik

Додик: Порано не бев националист, но сега сум

Балкан | пред 6 дена

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик: Би било корисно за Европа јас и Вучиќ да бидеме премиери на две влади на српскиот народ

Свет | пред 2 седмици

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик тврди дека на српскиот премиер му бил забранет прелет над БиХ: „Ја преминаа секоја мера“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања