Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Додик ќе бара поддршка од Путин за отцепување на Република Српска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Dodik-1

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, најави дека во октомври, при неговата планирана посета на Русија, директно ќе побара од рускиот претседател Владимир Путин поддршка за отцепување на РС од Босна и Херцеговина.

— реклама —

Во изјава за BBC на руски јазик, објавена во неделата, Додик призна дека и претходно се обидувал да го убеди Путин во оваа идеја, но тој секогаш ја поддржувал Дејтонската спогодба и територијалниот интегритет на БиХ. „Многу нешта се променија од тогаш. Ќе се обидам да го убедам да го поддржи нашиот став за независност на РС. Не знам дали ќе успеам, но дефинитивно ќе разговараме за тоа,“ изјави Додик.

— реклама —

Неговиот мандат престана по сила на закон откако Судот на БиХ го осуди на една година затвор поради непочитување на одлуките на високиот претставник. Сепак, тој одбива да го напушти претседателскиот кабинет во Бања Лука и организираше одлука на ентитетскиот парламент за одржување референдум на 25 октомври. На тој референдум, гласачите ќе се изјаснат дали треба да се почитува пресудата на Судот и одземањето на неговиот мандат.

— реклама —

Додик веќе порача дека овој референдум е само „загревање“ за идни изјаснувања и повтори дека, според него, БиХ „не заслужува право на постоење“, па е логично Србите во РС да бараат независен статус.

Во интервју за рускиот портал „Спутник“, тој најави дека од Путин ќе побара Русија во Советот за безбедност на ОН со вето да спречи продолжување на мандатот на европската воена мисија во БиХ – „Алтеа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvie7qplm03bgd6yEuwa

Орбан на гости кај Додик: „Вистинските пријатели се пријатели за цел живот“

Свет | пред 11 час

— реклама —
dodik

Додик: Порано не бев националист, но сега сум

Балкан | пред 6 дена

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик: Би било корисно за Европа јас и Вучиќ да бидеме премиери на две влади на српскиот народ

Свет | пред 2 седмици

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик тврди дека на српскиот премиер му бил забранет прелет над БиХ: „Ја преминаа секоја мера“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања