Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Додик незаконски именува мандатар, најави блокада на европскиот пат на БиХ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, денеска свика прес-конференција на која објави дека именува мандатар за состав на нова влада, иако повеќе нема уставно ниту законско право на тоа. Истовремено, тој најави и блокада на патот на БиХ кон Европската унија.

Додик изјави дека кандидат за нов премиер ќе биде Саво Миниќ, досегашен министер за земјоделство, откако досегашниот премиер Радован Вишковиќ поднесе оставка, а парламентот на РС ја прифати. Опозицијата претходно го одби неговиот предлог за формирање влада на „национално единство“.

— реклама —

Пред новинарите, Додик даде низа ветувања – зголемување на просечните плати на 1.000 евра, социјална помош, нови инвестиции и раст на БДП од 3,5 проценти. Тој најави и донесување закони за „ригорозно зајакнување на РС“ без оглед на ставовите на ЕУ и меѓународната заедница. „ЕУ повеќе не може да биде наша ориентација, затоа барам да се намалат сите активности поврзани со европскиот пат“, изјави Додик, додавајќи дека се надева на поддршка од администрацијата на Доналд Трамп.

— реклама —

Иако Додик очекува парламентот на РС да го потврди предлогот, ваквиот потег е спротивен на Уставот на ентитетот, бидејќи мандатар може да предложи само претседателот на РС – функција која е испразнета по одлуката на Централната изборна комисија на БиХ. Додик остана без мандат врз основа на правосилна пресуда на Судот на БиХ, со која е осуден на една година затвор и му е забрането шест години да врши јавни функции.

Наместо да се организираат предвремени избори за претседател на РС, Додик најави дека ќе го блокира процесот со спречување на отворањето избирачки места. Парламентот на РС, под негово влијание, усвои и одлука на 25 октомври да се одржи референдум за тоа дали да се почитува судската пресуда и одлуката за неговата смена.

— реклама —

Делегацијата на ЕУ во БиХ остро реагираше, нагласувајќи дека судските одлуки се конечни и задолжителни.

„Подложување на судска пресуда на јавно гласање е спротивно на владеењето на правото и независноста на судството“, се наведува во соопштението на ЕУ.

Со последните потези, Додик повторно ја доведе во прашање политичката стабилност и евроинтеграцискиот процес на БиХ, отворајќи нов фронт меѓу институциите и меѓународната заедница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvie7qplm03bgd6yEuwa

Орбан на гости кај Додик: „Вистинските пријатели се пријатели за цел живот“

Свет | пред 11 час

— реклама —
dodik

Додик: Порано не бев националист, но сега сум

Балкан | пред 6 дена

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик: Би било корисно за Европа јас и Вучиќ да бидеме премиери на две влади на српскиот народ

Свет | пред 2 седмици

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик тврди дека на српскиот премиер му бил забранет прелет над БиХ: „Ја преминаа секоја мера“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања