Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Додик: Забраната за влез на српски државјани во Црна Гора е непријателски чин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
dodik

Милорад Додик оцени дека одлуката на црногорските власти да им забранат влез на одредени српски државјани е „неочекувана, непотребна и лоша“, наведувајќи дека Подгорица со тој потег „апсолутно погрешила“.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Икс, Додик порача дека има разбирање доколку Србија презела реципрочни мерки, додавајќи дека, според него, „иживувањето врз Србија во регионот мора да престане“.

— реклама —

Тој оцени дека одлуката на црногорските власти е политички некоректна и непријателски насочена кон граѓаните на Србија и истакна дека не гледа оправдување за таквиот потег.

— реклама —

„Дали некому му се допаѓаат или не, тоа е друго прашање. Ако претходно биле на листа на лица на кои им бил забранет влез, можам да разберам зошто биле депортирани. Но, во услови кога тоа не постои, ова е доказ за политички некоректен и непријателски однос кој упорно се промовира без никаква причина и потреба“, напиша Додик.

Тој додаде дека не очекувал вакви потези од црногорската страна, но нагласи дека Србија „мора да се брани“ и дека тој стои на страната на Белград.

„Граѓаните на Црна Гора мора да разберат дека ако нивните власти спречуваат некого да влезе во земјата, тогаш мора да бидат преземени реципрочни мерки“, порача Додик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvie7qplm03bgd6yEuwa

Орбан на гости кај Додик: „Вистинските пријатели се пријатели за цел живот“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
dodik

Додик: Порано не бев националист, но сега сум

Балкан | пред 6 дена

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик: Би било корисно за Европа јас и Вучиќ да бидеме премиери на две влади на српскиот народ

Свет | пред 2 седмици

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик тврди дека на српскиот премиер му бил забранет прелет над БиХ: „Ја преминаа секоја мера“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања