Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, ние како кукавици нема да седиме на страна, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно“, рече Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarypau87gtmmr0q1TNsO32

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање за можноста за предвремени избори, Мицкоски посочи дека коалицијата што ја предводи има четиригодишен мандат добиен од граѓаните.

— реклама —

„Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите што ги води оваа Влада“, рече Мицкоски, повторувајќи ја и споредбата „три спрема еден“ во однос на, како што наведе, перформансите на актуелната и претходната Влада.

— реклама —

Сепак, тој порача дека доколку опозицијата смета дека треба да има предвремени избори, власта е подготвена да се соочи со таков предизвик.

— реклама —

„Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните да бидеме Влада четири години. Но, доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, ние како кукавици нема да седиме на страна, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и, се разбира, дека ќе ги победиме“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryo7fgjuaqlunp7cuAiJc

„Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната влада, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени“, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library1lgv8bt7laoteEGiKXU

Мицкоски: Европската комисија потврди - нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjf7ts1ro88ot4DU0bAt

Евроамбасадорот Рокас денеска му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања