Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Евроамбасадорот Рокас денеска му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Македонија
media-libraryjf7ts1ro88ot4DU0bAt

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска во Владата официјално ќе му го предаде на премиерот Христијан Мицкоски Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Средбата е закажана за 14 часот, по што двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција и ќе ги презентираат клучните оценки и забелешки од Брисел.

— реклама —

Извештајот вчера го прими и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој оцени дека документот дава објективен преглед на постигнатите резултати, но и на предизвиците со кои се соочува државата.

— реклама —

Гаши позитивно го оцени забележаниот напредок во функционирањето на Собранието, особено усвојувањето на Етичкиот кодекс и Стратешкиот план за периодот 2027–2031 година, зајакнувањето на парламентарниот надзор и постигнувањето меѓупартиски договор за важни институционални именувања.

— реклама —

Тој посочи дека сериозно се прифаќаат и критиките за недостигот од политички консензус за одредени прашања и зачестената употреба на скратените постапки. Гаши порача дека ќе продолжи да се залага за Собрание во кое ќе се промовираат дијалогот, консензусот и европските реформи.

— реклама —

Претседателот на Собранието нагласи дека определбата на Македонија за полноправно членство во Европската Унија останува непоколеблива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски од Германија: Ги продлабочуваме економските врски, целта се нови инвестиции

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски по изборите во Брвеница: Растот е јасен, но недоволен за целосна победа

Македонија | пред 3 дена

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 5 дена

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања