„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

(Видео) Докторот Кузмановски по снимката: Изразувам длабоко каење и се извинувам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, се огласи на својот профил на Фејсбук, по објавувањето на видео-снимка на која, според содржината, се гледа како консумира бела супстанца. Снимката предизвика лавина реакции во јавноста, по што министерот за здравство Азир Алиу донесе одлука за негово разрешување од функцијата.

— реклама —

Во својата објава, Кузмановски изрази длабоко жалење и извинување, нагласувајќи дека снимката потекнува од период пред неговото назначување за директор.

— реклама —
— реклама —

„Изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето преземање на менаџирањето на Клиниката за неврологија. Тоа е момент на слабост со кој не се гордеам и кој не смее да биде пример,“ напиша Кузмановски.

Тој додаде дека „секој човек прави грешки“, но дека ова искуство ќе му послужи како лекција и опомена.

„После ова знам дека грешката нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови,“ наведува Кузмановски.

Во продолжение, тој истакна дека се повлекува, иако е задоволен од резултатите што ги постигнал со својот тим на Клиниката за неврологија, и најави дека ќе продолжи да работи како лекар.

„Се извинувам на сите кои ги разочарав и ќе продолжам да работам она што најмногу го сакам – да спасувам животи и да помагам на заедницата,“ заврши Кузмановски во својата порака.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

„Дали заслужуваат осигурениците да ги прегледува некој што користи дрога?“, Ина Многуфина за разрешениот д-р Кузмановски

Коментари | пред 4 седмици

media-library046o52eku19g5W9nxUv

„Д-р Кузмановски имал моменти на слабост, но има импозантна биографија“, премиерот Мицкоски одговори за разрешениот директор

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Неврологот Кузмановски директорувал со клиниката без лиценца за работа, уште еден сериозен скандал има зад него

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Колегите од Клиниката за неврологија со јавно писмо во одбрана на д-р Игор Кузмановски

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања