Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Доживотен затвор за мајка од Алжир која ја уби тригодишната ќерка и ја остави во море во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 48 минути -

Свет
police_457542992-1-1021x580

Триесет и тригодишна жена е осудена на доживотен затвор за убиството на својата тригодишна ќерка, чие тело во јули 2025 година беше пронајдено во морето кај плажата Едем, во крајбрежното атинско предградие Палео Фалиро, Грција.

— реклама —

Судот со мешан поротнички состав во Атина едногласно ја прогласил за виновна, отфрлајќи ги сите олеснителни околности.

Обвинетата, која е државјанка на Алжир, го негирала убиството. Таа тврдела дека девојчето се повредило при пад во бањата во нивниот дом и дека, мислејќи оти е мртво, одлучила да го остави телото во морето, откако му облекла костим за капење. Според нејзиното објаснување, верувала дека морето ќе биде подобро за душата на детето, согласно со нејзиното сфаќање на исламот.

— реклама —

Жената изјавила и дека се плашела оти пријавувањето на случајот ќе доведе до тоа да го загуби старателството над другите две малолетни деца.

— реклама —

Обвинителот, сепак, ја оспорил нејзината верзија, тврдејќи дека девојчето сè уште било живо кога било ставено во водата. Тој се повикал и на сведочења од сосед, директорот на училиштето и сестрата на починатото девојче, кои опишале случаи на злоупотреба и занемарување.

Обвинителот ги отфрлил и тврдењата на жената дека за злоупотребата бил одговорен нејзиниот 33-годишен партнер.

— реклама —

„Не го однела детето во болница, не отишла во полиција ниту контактирала со сосед“, изјавил обвинителот пред судот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library99s0dqlgka1e1qUsxLK

(Видео) Автобус падна во провалија во Алжир, најмалку 25 лица загинаа

Свет | пред 3 месеци

— реклама —
media-librarym294j99o9llg2LG9cH3

Најмалку 11 загинати и 19 повредени во пожар во дом за згрижување во Алжир

Свет | пред 4 месеци

media-library8s23g2pfhvms01TtSdi

Трагедија во Алжир: 14 загинати и десетици повредени во превртен автобус

Свет | пред 11 месец

sudstvo-2

Алжирски суд осуди 49 лица на смрт за убиство на сликар

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања