Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ДПМНЕ е партија на осудени криминалци и политичка структура заробена во минатото, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
sednica-co-sdsm-2

„ДПМНЕ е партија со најголем број осудени криминалци во историјата на државата, вклучително и членови на највисоките раководни тела. Денес, истите тие луѓе се во врвот на партијата, а некои од нив заземаат клучни раководни позиции во државата“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

ДПМНЕ е криминална структура што никогаш не се откажа ниту од Груевски, ниту од Јанакиески, Јанкуловска, а осомничениот криминалец Игор Јанушев им е еден од главните во Владата. Тоа е вистината. Затоа, кога повикуваат СДСМ да се откаже од некого, најпрво треба да се погледнат себеси. Ако се откажат од сите обвинети и осудени во нивните редови, во „белата палата“ ќе им останат само чуварите.

— реклама —

Во недостаток на политики и идеи, во време на драстичен пад на животниот стандард и економијата, ДПМНЕ повторно посегнува по единственото што знае – политички прогон и етикетирање на опозицијата. Нема ниту почитување на презумпцијата на невиност, ниту на уставните права на граѓаните. Полека, но сигурно, режимот се враќа.

— реклама —

Им порачуваме: граѓаните веќе го препознаваат ова однесување, и добро знаат како заврши тоа минатиот пат. Ниту ќе не заплашат, ниту ќе не одвратат од намерата да ги разобличиме сите нивни скандали, криминали и неспособност што ја уништуваат државата и животот на граѓаните.

— реклама —

Затоа, нивните секојдневни, папагалски повторувања и соопштенија се залудни. ДПМНЕ е прочитан буквар, а нивните политички стратегии – неефикасни и веќе видени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања