Промени тема
Контакт

Драма во болница во Германија: Пациент усмртен при полициска интервенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
policija-germanija

Германската полиција усмртила 33-годишен пациент за време на сериозен безбедносен инцидент во Универзитетската болница во градот Гисен, во сојузната покраина Хесен, откако тој им се заканувал и физички нападнал членови на медицинскиот персонал.

— реклама —

Според информациите, пациентот во попладневните часови започнал напад врз вработените во болницата користејќи нож, поради што персоналот веднаш побарал итна полициска интервенција. По пристигнувањето на полициските екипи на местото на настанот, мажот станал исклучително агресивен и продолжил да се заканува со оружјето.

— реклама —
— реклама —

Јавното обвинителство во Гисен и Криминалистичката полиција на Хесен соопштија дека полицајците биле принудени да употребат огнено оружје за да ја заштитат сопствената безбедност и животите на присутните. Пациентот бил тешко ранет и и покрај обидите за медицинска помош, починал на лице место.

Надлежните институции најавија целосна истрага за утврдување на сите околности околу инцидентот, вклучително и законитоста и пропорционалноста на употребената сила. Болницата засега не излезе со дополнителни детали, а случајот предизвика силна јавна реакција во Германија, особено во однос на безбедноста во здравствените установи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp6eiboa8ta5a6ZVAPjX

Се обиделе да прегазат полицајци и одзеле службен пиштол: Синдикатот обвинува за политичка манипулација во случајот со натепаните момчиња

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarymfandc8m49rp28wDkOy

Полицаец Албанец од криминалистичката полиција „главен тепач“ на момчињата за кои реагираат партиите од албанскиот блок, покажале првичните проверки во МВР

Македонија | пред 2 дена

media-library4lj1uvs940op9pXdD53

(Видео) ДУИ по обвинувањата за полициска бруталност врз двете момчиња објави и видео, МВР отвори истрага

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Кратовец нападнал полицајци со нож, на еден му нанел тешки повреди, обвинителството бара притвор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања