Промени тема
Контакт

Драма во рудникот „Трепча“ во Косово: заробени 18 рудари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
media-librarymf69v352efb9eEtDoZA
фото: unsplash

Во окното на рудникот „Трепча југ“ останале заробени 18 рудари поради проблеми со електричната енергија.

— реклама —

Претседателот на синдикатот Ибрахим Јонузи изјавил дека состојбата на рударите засега е добра, но предупредил дека може да се влоши доколку останат подолго време во окното.

— реклама —

Директорот на рудникот „Стар Трг“, Шиќири Садику, потврдил дека рударите се заглавени од 1:30 часот по полноќ.

„Поголемиот дел излегоа. Во моментов 18 рудари сè уште се внатре, но работиме на изнаоѓање алтернативно решение. Вкупно 50 рудари беа внатре“, изјавил Садику.

— реклама —

Тој додал дека здравствената состојба на заробените рудари е стабилна.

— реклама —

Со рудникот „Трепча југ“ управуваат привремените институции во Приштина, а рудникот подолг период се соочува со бројни проблеми, поради што вработените често организираат штрајкови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypmqmhuflbhjj4Q7T0wr

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени злосторства против Тачи

Балкан | пред 5 дена

— реклама —
kosovo-1

Девет лица уапсени во Косово под сомнение за воени злосторства

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Во Косово уапсен првоосомничениот за убиството во Дуќанџик

Балкан | пред 1 седмица

kosovo-sobranie

Приштина пред нови избори? Рокот за избор на претседател истекува на 6 октомври

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања