Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Драма во струмичко село: Насилно влегле во куќа, претепале семејство и се обиделе да одведат жена против нејзина волја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест лица од селото Просениково поради сомнение дека сториле кривични дела „насилство“, а дел од нив се товарат и за противправно лишување од слобода и напад врз службено лице.

— реклама —

Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавени се Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите од село Просениково.

Според истрагата, на 24 јули околу 21:20 часот тие насилно влегле во домот на К.Ѓ. во селото Сарај, струмичко, каде физички ги нападнале К.Ѓ., З.Ѓ., Р.Ѓ., В.Ѓ., Б.М., Б.Ѓ. и две малолетни лица, нанесувајќи им телесни повреди.

— реклама —

Во текот на инцидентот, Т.Ј. и Г.Т. се обиделе против нејзина волја да ја одведат Р.Ѓ., поради што против нив е поднесена пријава и за кривичното дело „противправно лишување од слобода“.

— реклама —

МВР соопшти дека при интервенцијата, Б.Д. агресивно се однесувал кон полициските службеници и физички нападнал двајца полицајци, поради што се товари и за кривичното дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Осомничените биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

— реклама —

За време на инцидентот, К.Ѓ. излегол на терасата од куќата и со ловечка пушка испукал два истрела во воздух. По целосното документирање на настанот, и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 12 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 13 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања