Промени тема
Контакт

Драма во Тетово: исчезнат маж пронајден мртов со прострелна рана во глава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryqt2ogpa7o1v10BLCizP
Илустрација / Скопје1

Тетовската полиција попладнево пронајде тело на 42-годишен маж од Тетово, кој синоќа бил пријавен за исчезнат. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, мажот бил пронајден застрелан во својот џип „Ауди Q5“ во атарот на селото Нераште.

— реклама —

Случајот бил пријавен утринава во 2 часот, кога 33-годишната сопруга Б.Б. информирала дека нејзиниот сопруг А.Б. излегол од дома вчера околу 18 часот и не се јавувал на телефон. По неколкучасовна потрага, околу 16:15 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце забележале паркирано возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблички во ниви кај Нераште.

— реклама —

Во внатрешноста на возилото било забележано машко лице кое не давало знаци на живот. На предното стакло имало видлив отвор од проектил, а жртвата била облеана во крв во пределот на главата, со што, според МВР, постои основано сомневање дека била застрелана со огнено оружје.

— реклама —

Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт на лице место. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и било потврдено дека станува збор за исчезнатиот А.Б.

— реклама —

Полицијата и обвинителството работат на расветлување на случајот, а засега не се соопштуваат детали за можен мотив или осомничени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4u7af63gvrsddhJNmNW

Нови детали за превртениот автобус во тетовско: Немало патници, несреќата се случила пред да ги земе

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarygdfsnbhkf4l6eGlIE4b

(Видео) Автобус излетал од патот во близина на Стенче

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuh8iq91pp6mpcZBdutJ

Трагична вест од Тетово: Загина младиот фудбалер Даниел Николовски

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во четири тетовски села не е безбедна за пиење

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања