Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Драстични разлики меѓу докторите: Од 1.134 до нула операции за шест месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
operacija

Министерот за здравство Азир Алиу откри сериозни разлики во продуктивноста на докторите во државните клиники за 2025 година. Според неговите податоци, некои лекари имаат двојно повеќе упати и операции од своите колеги, дури и во иста специјалност и институција, што отвора прашања за управување, системски недостатоци и распределба на работата.

— реклама —

„Имаме и друга информација за доктори кои имаат најмногу реализирани упати за 2025 година, за шест месеци. Видете каква е разликата. Имаме доктор во една институција со 16.526 упати, и доктор во друга клиника со 7.352 упати. Се работи за различни специјалности, иако, имаме аутлајери кои мора да ги следиме за да разбереме како е можно, бидејќи платите и варијабилите и дополнителните исплати се важни. Има бројки кои се нелогични за системот и ќе видиме дали е недостаток на законски решенија или менаџирање.

На пример за 2025, имаме доктор кој имал 1.134 операции и доктор кој што има 470. Се работи за иста специјалност тука. Овие двајца се во иста институција, но има и за различни институции каде што правиме компарација. Во секоја институција имате ваков тип на доктори кои што имаат операции и другите кои што немаат операции. Има во внатрешноста исто така и доктори кои што имаат нула операции направени“, изјави Алиу.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8bonebdhe7bg6rr1oEB

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqi71u4i8r16448b0rsv

Алиу без конкретен одговор дали ќе остане во Владата: функциите не се најважни

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycm2uhmo5hhfh07gcEQW

Алиу без конкретен одговор дали ќе има внатрешни проверки за фантом вработени

Македонија | пред 1 месец

media-library0nve20dnt7df8TtYw2F

„Вештачката интелигенција е поддршка, но не и замена за лекарите“, вели Алиу на состанокот на СЗО

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања