Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе проверува како здравствените установи и медицинскиот персонал постапувале со родилката од Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
bremeno

Министерството за здравство соопшти дека ќе ги проверува околностите поврзани со третманот на медицинската сестра Љубица Шавреска за време на нејзината бременост, која трагично завршила со загуба на плодот.

— реклама —

Од Министерството велат дека со внимание ги следат наводите што Шавреска ги изнесе во јавноста и дека, со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности, веднаш побарале од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да спроведе надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот.

По завршувањето на вонредниот инспекциски надзор, Министерството ќе формира и комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката.

— реклама —

„Министерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди“, соопштија од Министерството.

— реклама —

Оттаму додаваат дека, доколку инспекцискиот надзор утврди евентуални пропусти во постапувањето, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно важечките законски прописи.

Министерството посочува дека останува посветено на обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита за секоја пациентка, особено во случаи на бременост со компликации.

media-librarytti26gvahhjf4a8zQA2

Од Охрид до Скопје барала помош, крварела и молела за лекар со страшни болки – бремена медицинската сестра сведочи за часовите пред да го загуби плодот

Медицинската сестра Љубица Шавреска јавно се обрати до Министерството за здравство и до министерот, изнесувајќи тешко лично сведоштво за третманот што, како што тврди, го добила во повеќе здравствени установи додека била во 24+3 гестациска недела, пред нејзината бременост да заврши со загуба на плодот.Шавреска, која наведува дека десет години работи во здравството – две години во приватниот и осум во јавниот сектор – детално го опишува патот од првите болки во Охрид, преку преглед во Струга, пов

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

rfgferge-184092

ГАК ги отфрла обвинувањата на родилката од Охрид: „Постапено е по протокол, постојат и пишани докази“

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library01t308amkupk2jI5x9T

Директорот на охридската болница за случајот со родилката од Охрид: Двапати одбила хоспитализација, а невистина е дека имало недоличен однос

Македонија | пред 1 месец

media-library5ip0ooj8thfa6jtzlxV

ГАК формира комисија за поплаките и отфрла дел од наводите на родилката: „Во ниту еден момент не била во животозагрозувачка состојба“

Македонија | пред 1 месец

media-librarytti26gvahhjf4a8zQA2

Од Охрид до Скопје барала помош, крварела и молела за лекар со страшни болки – бремена медицинската сестра сведочи за часовите пред да го загуби плодот

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања