Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ги отфрла обвинувањата што во јавноста ги изнесе родилката од Охрид, посочувајќи дека во нејзиниот случај било постапено согласно протокол.
Случајот денес е разгледан од страна на Комисијата за квалитет при што е констатирано дека во врска со пациентката е постапено по протокол за што постојат и пишани докази за истото (прегледи, терапија и сл.), информираат од ГАК.
Од ГАК посочуваат дека и покрај пружената медицинска грижа, пациентката ја напуштила Клиниката по сопствено барање.
„Како институција ја почитуваме сечија приватност, но и интегритетот и начелото на установата“, наведуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Од Охрид до Скопје барала помош, крварела и молела за лекар со страшни болки – бремена медицинската сестра сведочи за часовите пред да го загуби плодот
Медицинската сестра Љубица Шавреска јавно се обрати до Министерството за здравство и до министерот, изнесувајќи тешко лично сведоштво за третманот што, како што тврди, го добила во повеќе здравствени установи додека била во 24+3 гестациска недела, пред нејзината бременост да заврши со загуба на плодот.Шавреска, која наведува дека десет години работи во здравството – две години во приватниот и осум во јавниот сектор – детално го опишува патот од првите болки во Охрид, преку преглед во Струга, пов
Македонија | пред 1 ден