Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Дубаи излегува од мода – инфлуенсерите бараат нов „рај“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-libraryfi4b29laglldeZM2aw0

Дубаи ја губи улогата на главна дестинација за инфлуенсерите поради нестабилноста на Блискиот Исток и потрагата по нов баланс меѓу луксуз, сигурност и даночни поволности. Сè попривлечни се Кајманските Острови, Бермуди и Порторико (даночни олеснувања), како и Куала Лумпур и Шангај во Азија. Монако останува врвен симбол на ексклузивност. Се истакнуваат и Чарлстон и Мајами во САД, Бајрон Беј и Голд Кост во Австралија, Црна Гора во Европа, како и Бали, Макао и Панама Сити. Трендот: избор според профит, стил и безбедност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Дубаи повеќе не е главна дестинација за инфлуенсерите, кои сè почесто го напуштаат во потрага по нови локации што нудат комбинација од луксуз, сигурност и поволни даночни услови.

— реклама —

Во последните недели, расте бројот на инфлуенсери кои заминуваат од досега доминантниот „даночен рај“, поттикнати од нестабилноста на Блискиот Исток и желбата за нови можности.

— реклама —

Меѓу најбараните дестинации се издвојуваат Кајманските Острови, познати по живот без даноци и атрактивен тропски амбиент, како и Бермуди, кои нудат висок стандард, безбедност и ослободување од данок на доход и капитална добивка.

— реклама —

Популарност добива и Порторико, каде инфлуенсери и спортисти се преселуваат поради даночни олеснувања и пониски трошоци за живот.

Во Азија, интересот се насочува кон Куала Лумпур, кој привлекува со пристапни цени, културна разновидност и модерна инфраструктура, како и кон Шангај, каде се спојуваат луксузот, високите згради и развиената урбана сцена.

За оние што бараат врвен луксуз, Монако останува симбол на богатство и ексклузивност, со отсуство на данок на доход и богатство.

Во САД, се издвојува Чарлстон во Јужна Каролина, кој привлекува со квалитетот на живот и специфичната атмосфера, додека Мајами останува центар на гламурот и динамичниот социјален живот.

Во Австралија, инфлуенсерите сè почесто се насочуваат кон Бајрон Беј и Голд Кост, како поопуштени и подостапни алтернативи на Сиднеј и Мелбурн.

Во Европа, како нова атрактивна дестинација се појавува Црна Гора, особено Бока Которска и приморјето, каде развојот на луксузни марини и комплекси привлекува странски инвеститори и инфлуенсери.

Во меѓувреме, Бали се позиционира како „светска престолнина на инфлуенсерите“, со растечки туризам и привлечен начин на живот, додека Макао нуди луксузни казино-комплекси и развиена туристичка понуда.

Меѓу новите избори е и Панама Сити, кој привлекува со стабилна економија, користење на американскиот долар и релативно пристапни луксузни станови.

Трендот покажува јасна промена – инфлуенсерите повеќе не се врзани за една дестинација, туку го следат балансот меѓу профит, животен стил и безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfhd441dhdgj04DJpbcJ

Експлозии во Дубаи: сирени и предупредувања по нов можен ракетен напад

Свет | пред 1 седмица

media-libraryah68sat8j4fr2cvJh9Q

(Видео) Хаос на аеродромот во Дубаи: илјадници патници заглавени, летови се откажуваат и доцнат поради ескалација на судирот со Иран

Свет | пред 2 седмици

media-library94g7m2p097q9eBAyIka

„Емиратс“ постепено го обновува воздушниот сообраќај и ги активира летовите од Дубаи

Свет | пред 3 седмици

media-libraryb2bf3r7njobffL0eJJj

Повеќето летови од Дубаи и натаму се суспендирани

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања