Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Албанскиот јазик не е уставен украс. Тој е дел од уставниот поредок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
dui

ДУИ преку соопштение реагира на вчерашната одлука на Уставниот суд, оценувајќи дека со неа се создава, како што наведува партијата, опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност.

Од ДУИ посочуваат дека, наместо прашањето за објавувањето на правилникот само на македонски јазик да биде разгледано во однос на уставните и законските обврски за објавување на актите и на албански јазик, Судот го разгледувал материјалниот аспект на актот.

— реклама —

Според партијата, уставноста не се однесува само на содржината на актите, туку ги опфаќа и постапката, формата и почитувањето на уставните правила според кои тие се донесуваат и стапуваат во сила.

— реклама —

ДУИ тврди дека Уставниот суд во својата досегашна практика разгледувал и вакви прашања, оценувајќи дека со вчерашната одлука отстапил од сопствената практика.

Партијата прашува што ќе значат уставните правила за постапката и објавувањето на актите доколку објавувањето спротивно на уставните и законските барања повеќе не може да биде предмет на уставна контрола.

— реклама —

Од ДУИ нагласуваат дека, според нив, не станува збор само за еден правилник, туку и за прашања поврзани со албанскиот јазик, правниот поредок и правната сигурност.

— реклама —

„Албанскиот јазик не е уставен украс. Тој е дел од уставниот поредок“, наведува ДУИ, додавајќи дека одлуката не треба да биде ниту нормализирана ниту релативизирана.

Од партијата заклучуваат дека прашањето не завршува со вчерашната одлука на Уставниот суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 4 дена

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 6 дена

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања