Промени тема
Контакт

„ДУИ ја уништи животната средина“, велат од ВЛЕН и додаваат дека имаат конкретни мерки за чист воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
zagadeno-magla-15

„ДУИ го загади албанското општество со криминал, коцкарници, тендери, неморал и непотизам. После 22 години власт, денес, токму денес, на ДУИ му дојде на памет, за прв пат, да се грижи за животната средина во која живета нашите граѓани. ДУИ е партија во чиј мандати Тетово не доби вода, но доби депонија сред град, Кичево не доби чист воздух, но доби депонија среде град, Струга не доби статус на успешна општина, ама доби депонија среде град“, велат од ВЛЕН.

„Загадувањето на воздухот не е проблем од вчера. Состојбата со квалитетот на воздухот претставува долгогодишен предизвик, кој бара систематски и стратешки мерки. За жал, наталожените пропусти од изминатите години и влади не можат да се надминат за неколку месеци.

— реклама —

Владата презема активности за воспоставување целосна контрола врз индустриските капацитети, промовирање на еколошки извори на загревање, како и засилена континуирана инспекциска контрола и соработка со локалните самоуправи.

— реклама —

Владата за прв пат донесе „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“. Владата веќе усвои стратешки плански документ со конкретни програмски цели и проектни пакети, кои таргетираат намалување на емисијата на цврсти честички во градовите. Дополнително, изготвен е и Акциски план за грејната сезона, кој предвидува итни и краткорочни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.

Се спроведуваат засилени инспекции и контролa врз сите потенцијални загадувачи. Министерството за животна средина, во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, спроведува засилени и вонредни контроли врз индустриските капацитети со А интегрирани еколошки дозволи. Континуирано се следи и квалитетот на воздухот, а јавноста редовно се информира за состојбата и препорачаните мерки за заштита.

— реклама —

Загриженост на граѓаните е наша заедничка одговорност. Свесни сме дека граѓаните се соочуваат со реални проблеми поврзани со загадувањето на воздухот. Е токму затоа, наместо меѓусебни обвинувања и обиди за собирање политички поени, потребна е конструктивна соработка и мобилизација на сите засегнати страни — државни институции, општини, невладини организации и бизнис-секторот.

— реклама —

ВЛЕН останува посветен на спроведувањето на усвоените мерки и на унапредувањето на законската регулатива за заштита на животната средина. Ги повикуваме сите политички субјекти, вклучувајќи ја и ДУИ, да придонесат кон заедничките напори со конкретни предлози, поддршка и споделена одговорност — зашто здравата животна средина е приоритет за сите граѓани.

Затоа, наместо обиди за политизација на ова прашање, ВЛЕН ги повикува сите чинители да се фокусираат на спроведување и унапредување на веќе донесените мерки и програми, со цел да обезбедиме чист воздух и поздрава животна средина за сите“, соопшти ВЛЕН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeama2a6rimgj8kbMSsn

Јакуп Хусеини е кандидат на „Вреди“ за градоначалник на Брвеница

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
grubi-41

ВЛЕН за истрагата против Груби: Не треба политиката да одлучува кој е виновен, ако нема докази не треба да му судат

Македонија | пред 1 месец

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВЛЕН: Овие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ

Македонија | пред 4 месеци

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Алтернатива се приклучи кон ВЛЕН: Процесот на обединување не запира

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања