Промени тема
Контакт

ДУИ остро за Давос: Владата без средби, државата без сојузници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Демократска унија за интеграција оцени дека Република Северна Македонија се движи по крајно погрешна и штетна патека, обележана со стратешки отстапувања и често менување на насоката во надворешната политика, што, според партијата, ја довело државата во длабока меѓународна изолација, невидена во поновата историја.

Како директен резултат на, како што ја нарекуваат, промашената политика, од ДУИ го посочуваат настапот на премиерот и владината делегација на Светски економски форум во Давос, кој го оценуваат како дипломатски дебакл што ја маргинализирал целата држава. Според нив, на форум на кој присуствувал речиси целиот свет, премиерот и делегацијата немале ниту една значајна билатерална средба, а нивните јавни настапи, сведени главно на објави на социјалните мрежи од периферијата на настанот, дополнително ја отсликувале слабата меѓународна позиција во која се наоѓа земјата.

— реклама —

ДУИ наведува дека Давос го разоткрил и целосното промашување на т.н. „периметар дипломатија“. Додека соседните држави биле поканети од Доналд Трамп на иницијативата позната како „Board of Peace“, Северна Македонија, според партијата, останала меѓу непоканетите. Незрелото и често менување правци во надворешната политика, како и нејасната стратешка ориентација, според ДУИ, довеле до тоа земјата денес да биде игнорирана и од Европска Унија и од Соединетите Американски Држави, двата клучни стратешки партнери.

— реклама —

Партијата предупредува дека последиците од ваквата изолација веќе се чувствуваат. Европското досие, како што наведуваат, сѐ повеќе се турка на страна, државата станува ранлива на влијанија од алтернативни центри на моќ, а тоа, според нив, ја отвора опасноста од колапс на целиот политички систем. ДУИ тврди дека двајца американски инвеститори ја напуштиле земјата, дека нови инвестиции изостануваат, буџетот се празни, а економскиот стандард континуирано опаѓа, оставајќи ги граѓаните сѐ посиромашни.

— реклама —

Ова, според ДУИ, не е апстрактна политичка дебата, туку реална состојба која директно ќе ја погоди секоја фамилија, секој работник и секој бизнис. Партијата предупредува дека продолжувањето на меѓународната изолација ќе има долгорочни и тешко поправливи последици врз економијата, стабилноста и иднината на државата, оценувајќи дека Северна Македонија не смее да биде земја без сојузници, без перспектива и без доверба на меѓународната сцена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

dui

ДУИ: Четири месеци молк од Бурим Латифи за штетата од 19,3 милиони евра - до каде стигнаа Обвинителството и Антикорупциската комисија со скандалот во МЕПСО?

Македонија | пред 20 часа

ahmetii

ДУИ со нов напад врз ВЛЕН: Партиите и претседателите останале одделни

Македонија | пред 2 дена

dui

ДУИ: Поминаа 24 часа, ВЛЕН сè уште молчи за предвремени парламентарни избори

Македонија | пред 3 дена

media-libraryt0r3c14d19rvdLoBNlk

По изјавата на Мицкоски за предвремени избори, ДУИ со јасна порака: „Го бараме тоа“

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања