Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ДУИ реагира на изјавата на Мицкоски: Полагањето на правосудниот испит на албански јазик е уставно право, не „наследен проблем“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryt0r3c14d19rvdLoBNlk

Изјавата на премиерот дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик е „наследен проблем“ претставува обид да се избегне одговорноста за неспроведување на право кое произлегува директно од Уставот и од Законот за употреба на јазиците, велат од ДУИ во реакцијата на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Албанскиот јазик е службен јазик во Република Северна Македонија. Ова не е политичка интерпретација, туку уставна и законска реалност која мора да се почитува од секоја државна институција.

Законот за употреба на јазиците беше донесен за да ја гарантира јазичната еднаквост и да го зајакне мултиетничкиот карактер на државата. Обидите овој закон да се претстави како „проблем“ или одговорноста да се префрли на други не ѝ служат ниту на вистината, ниту на институционалната стабилност на државата.

— реклама —

Студентите Албанци не бараат привилегии. Тие бараат само спроведување на Уставот и на важечките закони.

— реклама —

Владата има обврска да го спроведува законот, а не да го релативизира преку политички оправдувања. Секое одложување или попречување на остварувањето на ова право претставува чекор назад за еднаквоста и за демократските стандарди на државата.

Република Северна Македонија е изградена врз принципот на еднаквост меѓу заедниците и почитување на јазичните права. Овие принципи не се предмет на преговори и не можат да се третираат како „наследени проблеми“, туку како обврски кои мора да се спроведуваат“, се вели во соопштението.

— реклама —
media-librarydbqs2k4uvoas01oeKjt

Мицкоски: Проблемот со јазиците за правосудниот испит е наследен проблем – ДУИ го носеа Законот за јазици и ги излажаа Албанците

„Согласно Уставот комуникацијата во државната управа, мислам беше членот 5, амандман 7, јасно кажува дека официјален јазик е македонскиот и кирилското писмо, но втор официјален јазик, во случајов е албанскиот јазик. Да не го користам она 20%, бидејќи е јасно е дека е албанскиот јазик. Подолу во истиот член стои дека комуникацијата на Албанците со државната управа е регулирана со закон. Е сега доаѓаме до тој дел, до законот, не кажува со кој закон но еве со Законот за употреба на јазици. Јас разг

Македонија | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 4 дена

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 6 дена

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања