Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Дурмиши не бил во маркет, граѓаните „заштедиле“ 57 денари за еден месец, реагира СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

„Со голема помпа најавуваната мерка на владата на Мицкоски за замрзнување на цените граѓаните не ја почувствуваа дека воопшто постоеше. Единствено граѓаните почувствуваа само разочарување. Симболични 57 денари, ете толку била заштедата на граѓаните за еден месец“, велат од СДСМ.

— реклама —

„Дурмиши очигледно не бил во маркет, не ги видел цените дека нема намалување и дека најголемиот дел од производите останаа со исти цени.

— реклама —

Тоа што само за неколку производи се намалија цените со незначителни суми е најголема потврда за неефикасната мерка, која беше лошо осмислена и им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред да стапи на сила.

Нереалните трошоци кои ги имаат граѓаните заради слабите политики на Владата на Мицкоски и нереалните цени се товар семејствата и родителите секој ден.

— реклама —

Бидејќи власта не планира да преземе конкретни и реални мерки СДСМ ќе поднесе закон за вистинско намалување на цените.

— реклама —

Нема да дозволиме нашите граѓани да бидат жртви на празни ветувања и политички манипулации“, соопшти СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања