Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Два активни пожари во земјава: Гори над Бистра и меѓу Октиси и Белица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H
Илустрација

Два активни пожари се регистрирани попладнево во земјава, додека шест се под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

До 13:00 часот на 3 септември се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор.

Активни се пожарите во Општина Маврово и Ростуше, над планината Бистра, кај Кириловец, каде гори пасиште, како и во Општина Струга, помеѓу селата Октиси и Белица, каде што гори сува трева и стрништа.

— реклама —

Под контрола се пожарите над село Палиград – Преслап во Општина Зелениково, каде гори мешана шума, во село Копаница во Општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарите во селата Пискупштина, Буринец и Локов во Општина Струга, каде гори нискостеблеста шума.

— реклама —

Пожар е ставен под контрола и во Брест, на местото викано Рамно, на Скопска Црна Гора, во Општина Чучер-Сандево, каде е зафатена шума. Под контрола е и пожарот во село Грачани во Општина Ѓорче Петров, на границата со Косово над село Кучково, каде гори шума. Во Струга под контрола е и пожарот помеѓу селата Буринец и Локов.

Во текот на денот се изгаснати пожарите во Визбегово, зад хотелот „New Star“, во Општина Шуто Оризари, каде горела депонија, како и во местото Голем Брдаш во Општина Маврово и Ростуше, каде горела шума.

— реклама —

Изгаснати се и пожарот зад „Факултетот“ во Прилеп, каде горело ѓубре, пожарот кај село Ложани во Струга, каде гореле отпадоци, и пожарот кај базенот за вода над местото Поток во Велес, каде горела дива депонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања