Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Два жестоки шамари за Филипче, ИПАРД средствата ослободени, А Вајц со најнова изјава дека Владата испорачува, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека средствата од ИПАРД програмата се целосно достапни за земјоделците и дека, според нив, нема блокади ниту неправилности во нивното користење. Партијата се повикува на, како што наведува, известување од Европската комисија и Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, во кое се констатира дека системот функционира и дека нема утврдени злоупотреби.

— реклама —

Во соопштението се додава дека Владата реагирала навреме и побарала вонредна контрола од Европската комисија по одредени сомнежи поврзани со претходното работење на Платежната агенција, при што, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, резултатите од контролата потврдиле дека постапките се во ред и дека средствата никогаш не биле блокирани од Брисел.

— реклама —
— реклама —

Партијата реагира и на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека погрешно ги интерпретирал и ги извлекол од контекст ставовите на европратеникот Томас Вајц. Според нив, Вајц во понова изјава нагласил дека има напредок во реформскиот процес и дека Владата испорачува резултати, додека претходно интервју, за кое се тврди дека било постаро, било погрешно претставено во јавноста, стои во соопштението.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Филипче пласира дезинформации и дека со тоа создава погрешна слика за состојбите, додека, како што наведуваат, институциите работат транспарентно и во интерес на земјоделците и евроинтегративниот процес, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 37 минути

— реклама —
media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања