Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Двајца независни кандидати се повлекоа од вториот изборен круг – во знак на лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Во рок од само два дена, двајца независни кандидати за градоначалници се откажаа од учество во вториот круг на локалните избори, и тоа во корист на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за Сашо Пивковски – кандидат на група избирачи во Општина Могила, и Милосим Војнески – независен кандидат во Македонски Брод, кои иако успеаја да влезат во вториот круг, решија да се повлечат и да не им конкурираат на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Државната изборна комисија (ДИК) појаснија дека законот не предвидува откажување по потврдена кандидатура, па затоа нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња, а во двете општини ќе се одржи редовен втор круг.

— реклама —

Пивковски, кој од независна позиција освои 37,07 % од гласовите и се пласираше втор во Могила, објави дека одлуката ја носи од морални причини:

„Сфатив дека политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите. ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Понекогаш, вистинското лидерство е да знаеш кога достоинствено да застанеш на страна, за да не му наштетиш на она што го сакаш,“ напиша тој на Фејсбук на 24 октомври.

— реклама —

Ден претходно, на 23 октомври, Милосим Војнески од Македонски Брод, кој доби 705 гласа (20,38 %) и со тоа за три гласа го остави зад себе кандидатот на СДСМ, исто така објави дека се повлекува:

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија – партија на која ѝ го посветив поголемиот дел од својот живот. Не би сакал дополнително да создадам поделби меѓу луѓето и семејствата,“ напиша Војнески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 6 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања