Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Движењето ЗНАМ - За наша Македонија демантира дека има свои претставници во работна група за изработка на закон за правична застапеност на етничките заедници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Во врска со изјавата на пратеникот Халил Снопче, Движењето ЗНАМ - За наша Македонија „демантира дека има свои претставници во работната група за изработка на законско решение за правична застапеност на етничките заедници, ниту пак има било каква информација дека таква работна група е формирана“.

„Во исто време би сакале да го запрашаме господинот Снопче дали е точно дека тој е дел од работната група во Собранието, која го подготвува новиот закон за правата на бранителите од конфликтот во 2001 година.

— реклама —

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, како одговорен политички субјект, смета дека изречениот збор, особено од носители на функции и претставници на народот, имаат посебна тежина и секогаш треба да се одраз на реалноста и вистината.

— реклама —

Ставот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија е дека правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија и затоа треба да се најде соодветно законско решение кое ќе биде предмет на широка јавна расправа во која ќе учествуваат експертската и научна јавност и заинтересираните страни, а кое на крајот ќе биде пратено до Венецијанската комисија.

— реклама —

Движењето ЗНАМ - За наша Македонија работи јавно и транспарентно, како што досега го покажа праксата и секогаш во интерес на граѓаните, а штитејќи ги државните интереси“, соопшти Движењето ЗНАМ - За наша Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Скопје | пред 1 седмица

maksim

„Македонија е наша татковина, иднината е наша заедничка обврска“: ЗНАМ со честитка по повод Денот на независноста

Македонија | пред 2 седмици

maksim

ЗНАМ: Нема место за глорификација на воени злосторства во Македонија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања