Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Двојни аршини на Мицкоски - бугарски бизнис за своите, изолација за Македонија“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarythppdii899tk9On5Afy

Од опозициската Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение обвинија дека владејачката структура применува двојни стандарди во односите со Бугарија, тврдејќи дека функционери блиски до Владата имаат лични и деловни интереси во соседната земја.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, според документи објавени во бугарски медиуми, е поврзан со компанијата „Флугбан Транс“ со седиште во Ќустендил.

Партијата наведува дека компанијата остварува годишен промет од околу 320.000 евра, но, како што тврдат, пријавува значително пониска добивка.

— реклама —

Според СДСМ, додека луѓе блиски до премиерот Христијан Мицкоски имаат бизнис интереси во Бугарија, Владата, како што велат, ја блокира европската интеграција на државата.

— реклама —

Од опозициската партија оценуваат дека граѓаните се соочуваат со последици од, како што наведуваат, застојот во евроинтегративниот процес, вклучително и подолги чекања на граничните премини поради новите европски системи за контрола.

„Додека тие се богатат и прават бизнис преку Бугарија, граѓаните плаќаат цена за нивната политика на изолација“, се наведува во партиското соопштение.

— реклама —

Од СДСМ порачуваат дека на Македонија ѝ е потребна Влада која ќе работи во интерес на граѓаните, а не, како што тврдат, за лични и деловни интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 25 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања