Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги обвини СДС, ДУИ и Арбен Таравари дека применуваат двојни стандарди во случајот со градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, поврзан со скандалот со водата во градот.

— реклама —

Од партијата велат дека, наместо да дадат јасни одговори и да побараат одговорност, СДС, ДУИ и Таравари молчат по изјавата на Лимани дека не чувствува никаква одговорност за случајот.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, партиите кои, како што наведуваат, секојдневно зборуваат за отчетност, не бараат одговорност кога станува збор за нивни функционери, што, според нив, претставува уште една потврда за примена на двојни аршини.

Во соопштението се наведува дека граѓаните на Гостивар заслужуваат целосно да се утврди вистината и секој што има одговорност да ја понесе, без оглед на политичката припадност. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека институциите и избраните функционери мора да бидат одговорни пред граѓаните, а не, како што велат, заштитени од партиски интереси.

— реклама —

Партијата ги повика СДС, ДУИ и Таравари јавно да се изјаснат дали го поддржуваат ставот на Валбон Лимани дека никој не треба да сноси одговорност за случајот со водата или ќе побараат отчетност.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека граѓаните заслужуваат транспарентност, отчетност и ефикасно решавање на проблемите, оценувајќи дека тоа треба да биде приоритет на сите избрани и именувани функционери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања