Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Џабе му се на Мицкоски лажните анкети на Маркет вижн платени 400.000 евра пари на граѓаните, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
sednica-co-sdsm-1

„Очигледен е очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, штом повторно се потпираат на лажни анкети, фабрикувани во нивната партиска лабораторија. Мицкоски, по примерот на неговиот ментор Никола Груевски, троши 400.000 евра народни пари за платени анкети и измислени рејтинзи, надевајќи се дека со лажна слика ќе ја прикрие реалноста“, велат од СДСМ и додаваат:

— реклама —

Наместо силна реакција за справување со пожарите, наместо вистинска грижа за настраданите од несреќата во Кочани, наместо борба со криминалот во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во својот очај сервира политички спин и пропаганда.

Анкетата на „Маркет вижн“ е дел од кампањата со која Мицкоски се обидува да ја прикрие неспособноста и отсуството на било каква визија. Имено, Маркет вижн во март 2025 година склучила договор со Владата на рекордна сума од 400.000 евра за да прави анкети и го мери мислењето и задоволството на граѓаните од работата на Владата. Зар некој треба да верува во овие анкети кои служат единствено за да се манипулира јавноста и се во функција на пропагандата на ДПМНЕ.

— реклама —

Замислете, оваа е таа агенција која склучи договор со Владата по само три дена од несреќата во Кочани каде што починаа 63 млади животи, а над 200 беа повредени. Ова е доказ за нивниот морбиден политички карактер, кој дури и трагедиите ги користи како можност за бизнис и пропаганда, срамно.

— реклама —

Колку и да се трудат да создадат лажна слика за поддршка, вистината е очигледна: граѓаните секојдневно гледаат хаос, неработење, скандали, неспособност, расипништво, криминал и корупција во врвот на Владата. Додека народот се справува со пожари, инфлација, ниски плати, нефункционални институции и секојдневни убиства по улиците, Мицкоски се занимава со нарачани анкети и политичка самореклама.

СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе продолжиме да се бориме против манипулациите и лажните наративи и ќе ги разобличуваме сите обиди за дефокусирање од реалните проблеми.

— реклама —

Граѓаните заслужуваат одговорна власт, вистина, а не евтини трикови и прескапи анкети. Вистинските анкети ќе се видат на локалните избори, кога незадоволството на народот ќе се претвори во јасна порака против оваа неспособна и расипничка власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања