Промени тема
Контакт

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H
Илустрација

Шест пожари на отворен простор се регистрирани во Македонија до 13 часот денеска, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а четири се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Активен е пожарот во селото Рашче, во Општина Сарај, каде гори сува трева.

— реклама —

Под контрола е пожарот што избувнал во селото Белица, на местото Кајорец во Општина Македонски Брод, а потоа се проширил кон Јасен во Општина Сопиште. Таму гори нискостеблеста и мешана шума.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати четири пожари. Во Општина Илинден пожарот кај Кадинска Петка на автопатот Скопје–Велес бил на сува трева. Во Куманово гореле сува трева и отпад во близина на касарната „Христијан Карпош“.

Пожар е регистриран и во селото Ногаевци во Општина Велес, каде горела сува трева, како и на подрачјето по Демир Капија, пред тунелите, исто така на сува трева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

— реклама —
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Активни пожари кај Драчевица, Дебар, Јаболчиште, Матејче, Стрима и на Шар Планина

Македонија | пред 1 седмица

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Нема активни пожари во Македонија, во едно деноноќие регистрирани 24 пожари на отворено

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања