Промени тема
Контакт

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library6nieum4ej154cVJksVP
Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија биле регистрирани 28 пожари на отворен простор, од кои 27 се изгаснати, додека еден пожар останал под контрола. Активни пожари во моментот нема, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Пожарот што е под контрола се наоѓа на подрачјето на општините Македонски Брод и Сопиште. Зафатена е нискостеблеста и мешана шума кај селото Белица, во местото викано Кајорец, на територијата на Македонски Брод, а пожарот се проширил кон Јасен, во општина Сопиште.

Од 27 изгаснати пожари, дел биле регистрирани на подрачја со ниска вегетација, дел на депонии и места со отпад, како и на стрништа и шумски површини.

— реклама —

Пожари имало во општините Илинден, Куманово, Виница, Прилеп, Демир Капија, Градско, Гостивар, Липково, Старо Нагоричане, Сарај, Карпош, Гази Баба, Радовиш, Босилово, Струга, Кичево, Охрид, Штип и Бутел.

— реклама —

Во Куманово биле регистрирани повеќе пожари, меѓу кои во близина на касарната „Христијан Карпош“, во населбата Хајдучка Чешма, на депонијата Краста и на улицата „Доне Божинов“.

Пожари биле изгаснати и кај Кадинска Плетва на автопатот Скопје–Велес, на влезот во Виница, зад Шумско стопанство, на улицата „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп, кај Демир Капија пред тунелите, како и во повеќе села во гостиварско, липковско, струмичко, охридско и други подрачја.

ЦУК информира дека до 7:30 часот на 23 септември нема активни пожари на отворен простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

— реклама —
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Активни пожари кај Драчевица, Дебар, Јаболчиште, Матејче, Стрима и на Шар Планина

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Нема активни пожари во Македонија, во едно деноноќие регистрирани 24 пожари на отворено

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања