Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Еден загинат, а 13 спасени по напад врз трговски брод кај Оман

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryqccsdulfmdjpa76HbEm

Еден индиски државјанин загинал, а 13 други биле спасени по напад врз трговскиот брод „МСВ Ал Јусуфи“ кај брегот на Оман. Инцидентот се случил во понеделникот во близина на местото Лимах, а информацијата во вторникот ја соопшти индиското Министерство за надворешни работи, пренесува „Ројтерс“.

— реклама —

Според официјалното соопштение, на бродот имало вкупно 14 индиски државјани.

— реклама —

Нападот се случил во период на зголемени тензии на Блискиот Исток, додека продолжуваат дипломатските напори за постигнување договор меѓу САД и Иран за завршување на војната и повторно отворање на Ормускиот Теснец.

Американската војска извршила ограничени напади врз иранскиот остров Кешм, потврдиле тројца американски функционери за Си-Ен-Ен. Тие ги опишале како одбранбена акција, по отворањето оган од Иран врз американски авион.

— реклама —

Островот Кешм има значајна улога во контролата на поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта. Иран тврди дека од почетокот на војната го контролира минувањето на бродовите низ теснецот и напаѓа пловила што се обидуваат да поминат без негово одобрение.

— реклама —

Во меѓувреме, продолжуваат дипломатските контакти меѓу Вашингтон и Техеран. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да се постигне договор со Иран, но не ја исклучи можноста за нови воени напади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuacelb8f5lonbsxg20I

Брод погоден со проектил во близина на брегот на Оман

Свет | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryqccsdulfmdjpa76HbEm

Ракетен напад врз танкер кај Оман: Еден загинат, двајца членови на екипажот исчезнати

Свет | пред 4 месеци

media-librarymelni2bloki4cBVvQff

Оман и Иран преговараат за повторно отворање на Ормускиот теснец

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања