Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Оман и Иран преговараат за повторно отворање на Ормускиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 20 часа -

Свет
media-librarymelni2bloki4cBVvQff
screenshot google maps

Се појавуваат нови детали за можните решенија за повторно отворање на Ормускиот теснец, за кои веќе две недели преговараат Оман и Иран. Овој клучен поморски пат, кој Иран практично го затвори како одговор на американско-израелските напади, се наоѓа во територијалните води на двете држави.

— реклама —

Извор од Оман за Си-Ен-Ен изјави дека разговорите се насочени кон воспоставување „протокол за безбеден премин“, кој би овозможил непречен комерцијален бродски сообраќај.

— реклама —

Според предложениот модел, танкерите за нафта и гас што минуваат низ тесниот пловен пат, кој фактички е блокиран од нападите минатиот месец, би требало да се регистрираат кај иранските власти и да пловат под знаме на држава што не се смета за непријателска. Во пракса, ова би значело признавање на иранската контрола врз оваа стратешка рута.

— реклама —

Предлозите се дел од напорите на Оман, земја богата со енергенси и долгогодишен посредник меѓу Вашингтон и Техеран, да спречи поширока ескалација на конфликтот.

— реклама —

Сепак, истиот извор оценува дека ваквиот договор би бил тешко остварлив во услови на војна и нагласува дека „најдобро решение останува итен прекин на огнот како прв чекор кон целосно завршување на конфликтот“.

Воедно, заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги засили нападите врз Иран по истекот на новиот 48-часовен рок беа оценети како „алармантни“.

„Ескалацијата носи ризик од несогледливи страдања во многу делови од светот“, изјави изворот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања