Промени тема
Контакт

Единаесет доживотни казни за смртоносниот пожар во хотелот „Гранд Картал“ во Турција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryosdkla4oosdo18U4hAS

Судот во северозападна Турција денеска изрече единаесет доживотни затворски казни за пожарот што во јануари го зафати луксузниот хотел „Гранд Картал“ во скијачкиот центар Карталкаја, во кој загинаа 78 лица, јавија НТВ и државниот сервис ТРТ.

Меѓу жртвите имало 34 деца кои со родителите го минувале зимскиот распуст во хотелот, а во трагедијата биле повредени уште 137 лица.

— реклама —

На доживотен затвор се осудени сопственикот на хотелот Халит Ергјул, неговата сопруга Емине Ергјул, нивните ќерки, неколку членови на раководството, како и општински и противпожарни службеници. Сите добија и дополнителни затворски казни од по 24 години и 11 месеци за смртта на останатите жртви, без право на намалување на казните, пренесе „Туркије Тудеј“.

— реклама —

Обвинетите беа товарени за сериозни безбедносни пропусти и небрежност, а дел и за убиство со веројатна намера. Судењето се водеше против 32 лица, од кои 20 беа во притвор, во специјално адаптирана сала во провинцијата Болу.

— реклама —

Пожарот, еден од најсмртоносните во поновата турска историја, избувна на 21 јануари во кујната на 12-катниот хотел и брзо се проширил поради дрвената фасада. Трагедијата предизвика гнев во јавноста, а критичарите сметаат дека одговорност треба да сносат и функционери од Владата и Министерството за туризам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

До 18 часот регистрирани 11 пожари на отворен простор, два сè уште активни

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryvf6i6m4djo252DC3f6p

ЦУК: 14 пожари на отворен простор, пожарот кај Борино останува активен

Македонија | пред 2 дена

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Активен пожар во Велешко, под контрола пожарот кај Македонски Брод

Македонија | пред 2 дена

media-library0eq82ofsc8tt6ZEVG7e

(Видео) Доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат – снимка од палењето на објектите на пазарот во Шутка

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања