Промени тема
Контакт

Единаесетгодишниот Македон ги воодушеви сите: Постигна резултат подобар од 95% од матурантите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryskbqectp5o7rdz5TrdG

На само 11 години, Македон Димитровски оствари резултат за кој сонуваат многу матуранти ширум светот. Младиот талент освои 1.440 поени на SAT тестот – приемен испит што го користат голем број престижни светски универзитети.

Младиот талент освоил 1.440 поени, резултат што е подобар од оној на 95 проценти од тестираните ученици на возраст од 18 години. Со ова достигнување, Македон уште еднаш го потврдил својот исклучителен потенцијал и љубов кон знаењето.

— реклама —

Според информациите споделени од неговото семејство, тој е меѓу најуспешните ученици во светот кои на само 11-годишна возраст постигнале ваков резултат на SAT тестот.

— реклама —

Овој импресивен успех е резултат на долгогодишна посветеност, дисциплина и континуирана работа. Посебна благодарност семејството упати до неговиот ментор Горан Милошовски, чија стручна поддршка и насоки имале значајна улога во подготовките, како и до тимот на Интернационалното училиште НОВА во Скопје.

— реклама —

Постигнатиот резултат отвора нови можности за понатамошен академски развој и претставува силна основа за идни успеси на младиот Македон Димитровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6v88e8p1d6obdZLElBG

Македон на само 12 години е примен на Програмата за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarybn6katogbt2q5rpd8bP

(Видео) Македон блесна на меѓународен натпревар во Бугарија – освои злато и четири престижни признанија

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj1phq8lko9nb7wog1Fy

Македон блесна на меѓународна олимпијада, освои злато и престижно признание во конкуренција од 56.913 натпреварувачи

Македонија | пред 3 месеци

FotoJet

Осумгодишниот генијалец Македон се сликаше со сребрениот медал од натпреварот „Математика без граници“

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања